АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ликот и делото на еминетниот македони театрџија, поранешен директор на Битолскиот народен театар Благоја Стефановски-Баге деновиве се одбележа и преку манифестацијата „Ден на уметноста“ што се одржа во битолското село Цапари. На настанот учествуваа уметници, интелектуалци, пријатели и соработници на Баге од целиот регион. Настанот беше организиран од неговиот голем пријател, но пред се другар Борис Неделковски, тоа е собир насловен како “Ден на уметноста”, кој заедно го започнаа уште додека Стефановски беше жив.
„Тој е едно од имињата не само во македонската култура, туку и пошироко кое нема да се заборави. Стефановски беше директор кој ги дигаше стандардите на Народниот театар од Битола на светско ниво, пратеик во Собранието на Република Македонија , министер за култура, основач на Меѓународната театарска мрежа “НЕТА”, преку која што обедини 66 театари од целиот Балкански Полуостров, основач на “Малиот Драмски Театар” од Битола. Добитник е на безброј меѓународни и домашни награди за неговата продуцентска вредност, ценет и почитуван од секој кој се допрел до неговата професионалнот и хуманизам“, беше истанканто на настанот во чест на Баге..
Собирот на едно место ги собра собра соработниците на Стефановски меѓу кои Нико Горшиќ од Словенија, добитник на наградата за актерско остравување на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, Ване Патриков од Бугарија, директорот на Народен театар од Битола Иван Јерчиќ, режисерот Мартин Кочовски, уметници учесници на ликовната колонија „Де Ниро“, а преку видео врска се обрати и актерката Јоана Поповска.
Една од идеите е настанот да стане традиционален, а на него да се слави ликот и делото на Баге.
Во декември минатата година на 67-годишна возраст почина Благој Стефановски-Баге, поранешен министер за култура и долгогодишен директор на Народниот театар од Битола.