АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на неговиот ФБ профил, со кој тој ги повикува граѓаните „да излезат на протест пред Основниот суд во Скопје и да се спротистават на антидржавната политика на владеачката хунта“, се претвори во огласник. Покрај коментарите за поддршка и изразен револт, во текот на денот, многумина, во коментари објавуваат огласи.
Стојан Михајловски објави дека продава мали прасиња од 20 до 25 килограми и остави број на мобилен телефон.
Антонио Тасевски пак објави дека продава автомобил „Југо 45“ со атестиран плин и во продолжение си го пофали возилото со зборовите „коска е“.
Даниел Стефановски, напиша дека продава ракија од 56 степени и додава –„цена во инбокс“.
Дел од коментарите се избришани, а дел се се уште на ФБ профилот на Груевски, а во продолжение на огласите, луѓето прашуваат за цена, година на производство итн