2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 6 ДЕКЕМВРИ

Декември 06, 2017

Вo 1987 г. во Скопје почина Лазар КАЛАЈЏИСКИ-Добри, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, полковник на ЈНА.

 

Роден бил во Неготино на 25 март 1913 г. Како активист на работничкото движење бил од 1935 г., а бил примен за член на КПЈ во ноември 1939 г. Во август 1940 г. станал секретар на Партиското поверенство на КП во Неготино. Во време на антиокупарорската борба бил секретар на Меснит комитет (МК) на КПЈ во Неготино и раководител на Месниот воен штаб, заменик командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ (од април 1943), потоа и командант (од август 1943), заменик командант на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“, заменик командант, а потоа и командант на Втората македонска бригада (9 декември 1943), заменик командант на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ и заменик командант на XВ (македонски) корпус. Бил избран за делегат на Второто и Третото заседание на АВНОЈ и бил учесник на Првото заседание на АСНОМ.

Во ноември 1944 г. бил командант на Битолската воена област и како таков, при формирањето на Првата егејска бригада во Битола на 18 ноември 1944 г. му го предал знамето на нејзиниот командант Илија Димовски-Гоце. На 1 декември 1944 г. бил унапреден во чин мајор.

Завршил Воена академија, па бил началник за народна одбрана при Владата на НРМ. Бил носител на Партизанска споменица 1941.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани