АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска во Битола традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија, а на Рускиот крст во Градскиот парк делегации на Амбасадата на Руската Федерација, Општина Битола, почесните конзули, Сојузот на борци и други невладини здруженија положија свежо цвеќе, по повод 117 годишнината од смртта на рускиот конзул и диломат Александар Ростковски.
– Денеска му оддаваме почит на рускиот конзул, Ростоковски, кој бил убиен овде во Битола во 1903 година, кој со својата дејност тој бил пример за многу генерации руски дипломати. За нас оваа година е значајна бидејќи ја одбележуваме 75 годишнината од победата на фашизмот, рече Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин.
Во своето обраќање во Битола тој посочи дека руската надвореша политика се темели врз цврстите убедувања, кој ги формулирал канцеларот Александар Герчаков пред 1,5 век.
-Ние на никого не му се закануваме, ништо не наметнуваме, никому не му кажауваме како треба да живее, не се обидуваме да придобиеме еднострани предности. Врз овие принципи се темелат односите со сите земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија. Ние сакаме и натаму да градиме добри односи со нашите македонски партнери, врз основа на вистински еднаквости, меѓусебно почитување и водење сметка за взаемните интереси, доверба, посебноста, на општо признаените норми на меѓунорадното право, немешање во внатрешните работи, почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, рече амбасадорот Бездникин.
Тој додаде дека во комплицираните услови на денешницата, кога човештвото повторно се наоѓа на една опасна линија, надворешната политика на Русија е насочена кон формирање на обединувачка и позитивна агенда, кон развивање на взаемна соработка со сите држави, со цел осигурување на еднаква безбедност за сите и решавање на конфликтите преку разни компромиси.
На Деното на Руската дипломатија во Центарот на култруа во Битола беше отворена изложба “100 раритети на Руската државност“