АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во просториите на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ директорот Владимир Роме оствари работна средба со некогашниот негов ученик, Владимир Тасевски, авторот на апликацијата „Мои донации“ за која во последно време многу се зборува. На средбата присуствуваше и помошник директорот Тони Панов и заеднички се постигна договор за соработка на полето на хуманоста и сите заедно евоцираа спомени за деновите кога Владимир учеше во ова училиште, а тој беше пресреќен што ќе може да соработува со своите некогашни наставници и да помогне во афирмацијата на училиштето пред уписот на нова генерација ученици во учебната 2020/2021 година.
Директорот Владимир Роме изјави: „Почувствував потреба да реализирам една моја идеја наменета за учениците од нашето училиште кои припаѓаат на социјално ранливи категории, преку која тие ќе се почувствуваат рамноправни во секој поглед со своите соученици. Владимир, е мој ученик за кого можам да кажам само пофални зборови, а неговата апликација која за брзо време стана многу популарна само го потврдува фактот дека има иднина за младите способни луѓе овде во нашата земја. Основата која ние му ја дадовме во текот на четиригодишното образование во нашето училиште тој успешно ја надградува и наскоро ќе излезиме со нова апликација за која сум убеден дека ќе привлече исто така голем интерес кај хуманите луѓе. Грижата кон учениците е наш најголем приоритет, па на овој начин покрај нашата докажана стручност ќе ја покажиме и нашата хуманост“ .
На средбата беа споделени и други идеи од двете страни како основа за понатамошна заедничка соработка.