2win800x200

Миење на локалните улици, дезинфекција на јавни површини и објекти во Општина Новаци

Март 21, 2020

Општина Новаци со екипи од ЈКП "Комунална Хигиена" -Новаци продолжува со превентивните мерки против Covid-19 (коронавирус), со миење на локалните улици, дезинфекција на јавни површини и објекти.

Активностите за чистење и дезинфекција се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот.

Општина Новаци е на висина на задачите и спроведувањето на мерките со што активностите ќе продолжат и во наредните денови .

нода

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните за поголема свест и почитување на мерките и препораките од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Општина Новаци им стои на располагање со помош и поддршка на сите граѓани од општината преку Оперативниот штаб и тимовите со волонтери од секое населено место , на дневна основа, преку вршење на инструкции и превземање на мерки за заштита од коронавирусот согласно препораките од Влада , Министерството за здравство и другите државни институции и препораки, набавка по итна постапка на заштитни средства , намирници ,средства за хигиена и лекови за вработените во институциите и жителите на општината.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани