АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатата сопственичка на пропаднатата штедилница ТАТ од Битола, Соња Николовска, деновиве повторно е во затвор. Таа е спрoведена во затворот Идризово на издржување затворска казна за измама на неколкумина битолчани од кои успеала да земе над 600 000 евра, објавува порталот dosie.com.mk
Според пресудата Николовска ги измамила битолчаните дека ќе им овозможи да си го вратат заробените пари од нејзината пропадната штедилница. Им рекла дека и требаат пари за рестартирање на познатата битолска свилара со што наводно ќе ги вратела парите, но и ќе вработела нивни роднини. Таа на измаминети им рекла дека судот во Стразбур и го вратил имотот и златото и дека ќе почнела да работи печатницата на нејзиниот починат сопруг, пишува Досие.
Во аферата ТАТ беа оштетени над 13 000 штедачи од кои беа ограбени над 60 милиони евра. Тогаш Николовска доби три и пол годишна затворска казна за даночно затајување.