2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од денес се укинува забраната за движење во шуми

Април 24, 2020

 

Од денес се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште, што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја донесе на 16 април. Како што соопшти Минитерството, министерот Трајан Димковски ја отповикал забраната на барање на ЈП „Национални шуми“, кое стопанисува со овие површини.

 

„Национални шуми’ ќе продолжат и понатаму да ја следат состојбата со нашите шуми и движењето на граѓаните (рекреативците и сите оние кои извршуваат шумскокултурни активности). Доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе“, вели Министерството и повикува на одговорно однесување при движење низ шума, грижа за природата и да не се фрлаат догорчиња и запалливи материи.

Министерството укажува дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од пожари на отворен простор.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани