2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Акции на шумската полиција против дрвокрадците

Април 21, 2021

 Дрвокрадците не се откажуваат од безмилосното пустошење на македонските шуми. Деновиве Шумската полиција на повеќе локации спроведува контроли против бесправната сеча. 

Денес во раните утрински часови над село Буково,  битолската Шумска полиција затекнала лице кое врши бесправна сеча на огревни дрва. Од страна на Шумската полиција одземена е моторната пила со која е извршено делото, а за сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 Не е поштедено ниту Потпелистерието. Пред неколку дена  во атарот на битолското  село Дихово одземени се тракторска приколка и моторна пила.

Вчера на пладне, пак,  во Прилеп  во населба Варош  од страна на Шумската полиција пресретнато е возило "Опел Астра"- караван, натоварено со бесправни огревни дрва. Откако прекршителите ја забележале патролата го оставиле возилото и се дале во бегство. Возилото и огревните дрва привремено се одземени и предадени во ШСП "Црн Бор" Прилеп, а за прекршителите е составен записник и поднесена е соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани