АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Герила-акција во Битола, спроведе Групацијата „Инфо Акција“ за да ги потсети битолчани да го одржуваат растојанието од два метра меѓу човек и човек, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Акцијата „Oстајте да помини фичото, не се туркајте, држете растојание“, својата инспирација ја црпи од анегдота од периоди на 70-тите и 80-тите години на минатиот век, кога што и да се правело/градело/поставувало, требало да се остави доволно простор колку да може да помине фиќо. Случајно или не просторот потребен за да помине едно фиќо е околу 2 метра, што всушност е и препорачаното растојание за спречување на ширењето на КОВИД-19.
-Оваа акција е првенствено наменета за постарите генерации коишто се најосетливи на вирусот, а сепак многу често забораваат да го почитуваат препорачаното растојание од 2 метри. Се надеваме дека жолтите фиќовци ќе ги потсетат битолчани посовесно да одржуваат растојание, барем онолку колку да помине фиќо меѓу нив, велат активистите.