АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција го одбележува 7-ми Мај Денот на македонската полиција.
-На 20 Април 1993 година со одлука на Владата на Република Македонија “7-ми Мај“е прогласен за Ден на македонската полиција. Владата на Република Македонија ја донела оваа одлука тргнуваќи од историските факти кога за време на одржувањето на “Смилевскиот конгрес“ во с.Смилево од 02-07 Април 1903 година, за прв пат селските стражи се реорганизирале во полициски чети со 24 часовно дежурство за обезбедување на конгресот.Оваа година поради новонастанатата ситуација со вирусот КОВИД- 19 одбележувањето го сведовме на положување цвеќе пред спомениците на бранителите. Благодарност до РСБСП особено на Претседателката Кожуварова Гордана за нејзиното присуство и оддавање почит кон полицијата и за несебичната соработка. Сакам да упатам честитка до сите мои колеги и колешки пензионирани и идни колеги ! “ДА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 7-ми МАЈ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА“ Продолжете така професионално и одговорно да ги извршувате задачите со кои ќе ја гарантираме слободата и безбедноста на граѓаните, стои во пораката на портпаролот на СВР-Битола, Сања Стаматова.