2win800x200

Денеска двајца новозаразени од КОВИД-19 во Битола

Мај 07, 2020

Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти.

- Скопје 2
- Куманово 6
- Штип 3
- Прилеп 7
- Тетово 1
- Струга 1
- Кочани 2

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на ковид -19.

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани