АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хидросистемот „Стрежево“ досега има акумулирано 90 милиони метри кубни вода, што според првиот човек на хидросистемот состојбата с еоценува позитивно. Во исто време навреме е започната и сезоната за наводнување.
-Минатата година беше една од најсушните години во изминатите 20 години , можам да кажам дека состојбата денес е релативно добра . Тоа значи дека во акумулацијата имаме некаде околу 90 милиони метри кубни вода, навреме ја започнавме сезоната за наводнување. Оваа година уште во месец мај се пушти вода за наводнување, поради високите температури во изминатиот период и побарувањето на вода од хидросистемот беше зголемено , и во мај ја започнавме сезоната за наводнување. Во овој момент главните цевководи се под протисок и на сите водокорисници сме излегле во пресрет, рече Граматковски.
Срежево за РЕК-Битола испорачува од 500-600 литри во секунада, а за земјоделците од 400 до 500 литри во секунда, додека кон Водовод во ментов не с еиспорачува вода, рече првиот човек на ЈП Стрежево Граматковски.