АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дејан Трајковски од Битола има 26 години, магистер е по правни науки и е невработен. Четири години е активен барател на работа, но со досегашните мерки за вработување не успел да се вработи. Се надева дека во иднина работите ќе се променат, а младите луѓе во државата ќе добијат шанса.
-Се надеваме како млади личности кои активно бараат работа, дека со новите мерки на Владата ќе има одредени придобивки кои ќе можат да ги искористат младите личности со што би се намалила невработеноста, но и иселувањето надвор од државата, вели Дејан Трајковски.
Истражувањата на МКЦ од Битола за периодот од јануари до мај годинава, покажале дека речиси 50 проценти од младите во државата се навработен, со што Македонија е еден од лидерите по младинската невработенсот во Европа. Постои голема неискористеност на активните мерки за вработување, а незадоволителен е и бројот на младите кои се вклучени во овие мерки
-Причините се многубројни, ќе разговараме не само зошто не функционираат овие мерки туку да понудиме решенија како да се подобри ситуацијата. Има проблеми при промоцијата на самите мерки, админситративни пречки за вклучување, некои услови кои не можат да бидат исполнети и ред други причини кои значат дека нешто навистина треба да се смени, изјави Златко Талевски , извршен директор на МКЦ Битола
Од Агенцијата за вработување велат дека младите учествуваат со речиси 25 проценти во вкупната бројка на невработени во државата, а мерките кои досега се нудеа имаат пропусти како во креирањето така и во реализацијата, заради што најавуваат нивно ревидрање .
-Имаме низок степен на извршност на активните мерки, зборувам од буџетски аспект. Имам ерелаизација на само 30 проценти од буџетот. Со оглед на тоа што станува збор за месец септември, ова е низок процент. Ние се надеваме дека до крајот на годината ќе успееме да достигнеме еден процент на реазлизација на овие мерки од Буџетот над 80 проценти, изјави Билјана Јовановска, директор на Агнецијата за вработување на РМ
Организаторите апелираат младите активно да се вклучат во нудење идеи, предлози и решенија за унапредување и подобрување на активните мерки за вработување. Од Агенцијата за вработување пак, ги повикаа младите да учествуваат во мерките во ревидираниот оперативен план на Владата кои стартуваат деновиве.