2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кузманоски-Градиме инфраструктура во општина Новаци и во вонредни услови

Јуни 03, 2020

 

Капиталните инвестиции продолжуваат, градиме инфраструктура за сите во вонредни околности, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.

-Успешно ја спроведуваме долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе остане и за идните поколенија дури и во услови на пандемија. Кризата предизвикана од пандемијата со корона, не ги попречи капиталните инвестиции.Спротивно на тоа, капиталните проекти продолжуваат со изведба и тоа со забрзана динамика.Градиме инфраструктура за сите, во вондредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита.Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период, рече Кузманоски.

Според него интензивно и во услови на корона криза општината работи на локалната инфраструктура.

-Наскоро започнуваме со градежни активности за рехабилитација на два регионални патни правци во општина Новаци –на  дел од регионален патен правец с.Бач-Гермијан-Кременица и на дел од регионалниот пат Новаци –Орехово спрема  Маково во делот кој е најоштетен, со средства од Јавното Претпријатие за државни патишта на РСМ во висина од 21 милион денари.Со предвидени  средства од Буџетот на општина Новци за 2020 година во висина од 11 милиони денари започнавме со асфалтирање  на локални улици на територија на општина Новаци во 17 населени места со планирана вкупна должина од 2.5-3 км .Во периодот што следува започнуваме со санација и изградба на полски патишта во вредност од 7 милиони денари , средства од Буџетот на општина Новаци, рече Кузманоски.

акл

Во склоп на проектот за подобрување на општинските услуги МСИП и Министерството за финансии изработена е проектна документација за реконструкција на две локални улици со краци во с.Новаци и една локална улица со краци во с.Гермијан со вкупна должина од 2.1 км.

Во министерството за транспорт и врски Општина Новаци аплицираше со три основни проекти за изградба на 3 локални патишта со предвидена  реализација во три фази.

-Изградба на локален пат од раскрсница Старавина до с.Будимерци –фаза1 и фаза 2  и Изградба на локален пат Гнеотино спрема Брод .

Со изработката на комплетната проектна документација за изградба на две локални улици во с.Градешница со бехатон плочи и локален пат до Манастир Св.Илија   создадени се основните предуслови  за реализација на овие проекти  кои се од интерес на граѓаните од с.Градешница. Во тек е подготовка на проектна документација за изградба на пешачка патека со осветлување до Камениот мост во с.Зовиќ како и улица во должина од 400 м, рече тој.

Општина Новаци  е подготвена со веќе подготвени  проекти да аплицира за обезбедување на средства од домашни и странски фондови и програми  со цел нивна имплементација.

Кризата со коронавирус ни даде можност да видиме од колкаво значење е инфраструктурата и јавниот сервис и дека човечките судбини на нашите зависат од практичната примена на инфраструктурата, смета Кузманоски.

10238284

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани