АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во црквите во Битола денес се вршеше опевање на мртвите, но беа спроведени и мерки за ред и заптита.
Во храмот ,,Св.Димитрија" немаше метеж. Беше поставено лице за редар кој ги упатуваше верниците на која масичка да си ги постават работите за опевањето. Во црквата беа поставени повеќе маси, па се спроведуваше ред верниците да бидат на растојание од метар и половина до два. Имаше повеќе свештеници и немаше долго чекање за обредот.
Верниците беа со маски, а некои ги туркаа само за да целиваат некоја икона. Други пак оставаа пари и се прекрстуваа. Ред имаше и при палењето на свеќите зашто и самите верници внимаваа да се на одредена дистанца.