АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од Клиничката болница информираат дека на Ургентното одделение во текот на ноќта имало напорна ноќ, со 60 прегледи на пациенти. 10 од нив биле во алкохолизирана состојба.
-Одделението за ургентна медицина имаше многу работа во текот на новогодишната ноќ. Имаше над 60 прегледи, од кои 10 алкохолизирани лица, а меѓу нив и малолетници. Најголем број од интервенциите беа кај хронични болни, со висок крвен притисок, васкуларни заболувања. Имаше и една сообраќајна несреќа, во која е повредено едно лице, но минало со лесни телесни повреди и пацинетката не е хоспитализирана, рече Сузана Коневска, портпарол на Клиничка болница-Битола.
Сепак, новогошната ноќ во Битола мина мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир, велат од битолската полиција.