2win800x200

Еден заболен и еден оздравен од коронавирус во Битола

Јуни 19, 2020

Еден заболен и еден оздравен од коронавирс во Битола, стои во денешниот извештај на МЗ. Вкупниот број на позитивни се искачи на 37.  

Во последните 24 часа се направени 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 100
- Куманово 11
- Дебар 1
- Штип 6
- Прилеп 1
- Тетово 19
- Струга 2
- Велес 6
- Битола 1
- Охрид 1
- Кавадарци 1
- Гостивар 1
- Гевгелија 1
- Кочани 3
- Кратово 1
- Свети Николе 1

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.

На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти.

- Скопје 10
- Штип 3
- Тетово 10
- Велес 1
- Битола 1
- Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани