2win800x200

ВМРО ДПМНЕ бара одговор од Козаров на прашања поврзани со ЈП „Водовод“

Јуни 22, 2020

 

ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола денеска  на прес конференција побара одговор на неколку прашања од првиот човек на ЈП „Водовод“ Битола Горан Козаров, кој воедно е и кандидат за пратеник на СДСМ на престојните парламентарни избори. 
-Горан Козаров, кандидатот за пратеник и неколкугодишен директор на ЈП Водовод  на денешната седница на Советот на Општина Битола, треба да објасни колку во овие околности ЈП Водовод има неопходна потреба од нова административна зграда или тоа е само приватизирање на јавното претпријатие во неговата партиска пратеничка кампања. Дали е точно дека за раководител на сестринската фирма на ЈП Водовод, ДООЕЛ ХЕП Битола, го назначи лицето Оливер Сливовски, без спроведена транспарентна постапка, а само заради тоа што се во кумовска врска?, рече Стефанија Најденовска, портпарол на ВМРО ДПМНЕ Битола. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани