2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

МНД го издаде осмиот број на списанието "Современи дијалози"

Јуни 23, 2020

Во чест на јубилејот – 60 години Македонско научно друштво – Битола, излезе од печат најновиот број на Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое веќе осум години успешно егзистира во биотопот на современата македонска и светска литература, култура и уметност.

Списанието и оваа година излегува со финансиска поддршка на Министерството за култура, а е во редакција на Весна Мундишевска- Велјановска (главен уредник), проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, Петре Димовски и проф. д-р Златко Жоглев сите од Битола и меѓународен уредувачки одбор во состав: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), м-р Жарко Милениќ (Русија и Босна и Херцеговина), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија) и проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина). Ликовен уредник е Љубица Мешкова Солак од Битола.

Во рубриките „Поезија“, „Проза“, „Драма“ и „Прикази, осврти, книжевни критики, рецензии…“, на 258 страници, содржани се околу 120 творби на над четириесет македонски писатели, научни работници и ликовни уметници.

Со најнова поезија застапени се: Васил Тоциновски, Борче Панов, Даниела Андоновска-Трајковска, Петар Наневски, Снежана Стојчевска, Гордана Стојаноска, Панде Манојлов, Кире Неделковски, Елизабета Јончиќ, Сузана В. Спасовска, Сашо Огненовски, Славица П. Диневска, Адем Абдулаху, Катерина Гогова. Мирјана Стојанoвска. Диме Ратајкоски, Златко Жоглев-Олгин, Божин Андоновски, Никола Алтиев и Весна Мундишевска-Велјанoвска, а со проза: Владимир Костов, Михајло Свидерски, Петре Димовски, Стефан Марковски, Никола Илијовски, Никола Кочовски, Живко Грозданоски, Мишо Китаноски, Биљана Т. Димко и Ана Витанова Рингачева.

Со извадоци од драмски текстови застапени се Трајче Кацаров и Зоран Пејковски, а свои видувања за делата на осум македонски и двајца автори од странство изнесуваат: Весна Мојсова- Чепишевска, Јованка Денкова, Звонко Танески, Славчо Ковилоски, Љубинка Донева, Милица Димитријовска-Радевска, Славица Гаџова Свидерска, Христо Петрески, Симона Петровска и Сузана Мицева.

Рубриката „Акценти“ посветена е на монографијата за јубилејот 60 години Македонско научно друштво во авторство на претседателот на МНД- Битола, проф. д-р Марјан Танушевски.

Рубриката за меѓународна соработка „Паралели“ содржи 160-тина творби, поткрепени со кратки биографски податоци за 38 истакнати писатели од странство (од Шпанија, Велика Британија, Тајван, Саудиска Арабија, Србија, Италија, Албанија, Полска, Јужноафриканската Република, Босна и Херцеговина, Данска, Ерменија, Словачка, Словенија, Бангладеш, Судан, Бугарија, Хрватска, Романија, Виетнам, Кина, Кувајт, Црна Гора и Турција), како што се: Хусто Хорхе Падрон, Данте Мафија, Маи Ван Фан, Том Филипс, Дејвид Кук, Клаудија Пичино, Олга Лалиќ Кровицка, Марк Симони, Арменухи Сисијан, Јин Шјиаојан, Летокухле Мсиманг, Тземин Итион Тсаи, Раед Анис Ал-Јиши, Калина Изабела Зјола, Роза Бојанова, Виктор Радун Теон, Обрен Ристиќ, Билјана Миловановиќ Живак, Јон Јакоб, Искра Пенева, Лучила Трапацо, Цвијетин Ристановиќ, Милена Рудеж, Патриција Габришова, Снежана Алексиќ Станојловиќ, Бреда Славинец, Тарек Самин, Мухамед Сабил, Иво Мијо Андриќ, Мухамед Салех Сорко, Лабуд Н. Лончар, Александар Чотриќ, Ерол Туфан, Јежи Плешњарович, Али Ал Фарај, Индира Јашаревиќ Чандиќ, Су Џен Лин и Салех Махди Алкунази.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани