2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Одбележан големиот јубилеј - 60 години Македонско научно друштво

Јули 22, 2020

Македонското научно друштво-Битола, најстарата организација во државата посветена на научно-истражувачката и публицистичка дејност, одбележа 60 години од своето постоење. На централната манифестаија по повод јубилејот синоќа МНД им додели благодарници и признанија на повеќе институции и поединци од градот и државата, членови на Друштвото, поранешни претседатели, истакнати активнисти и други соработници. Исто така, по повод јубилејот е изработена "кристална коцка" со амблемот на МНД, а таква "кристална коцка" беше доделена и на дел од присутните на манифестацијата.

-Оваа "кристална коцка" припаѓа на сите генерации, на сите оние кои придонесуваат и искрено работеле и работат за МНД, токму поради тоа оваа голема кристална коцка ќе биде поставена во просториите на МНД,  рече Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола.

Посебно признание му беше врачено на м-р Јован Д. Кочанковски (89 г.) единствен жив од 12-те потписници на иницијативата за формирање научно друштво во Битола во 1960 година.

-Јас во тоа време бев наставник по историја. Тогаш немавме научници, имавме наставници и професори. Се собравме пред 60 години, а иницијатори беа браќата Душан и Милош Костатинови. Се собравме со една основна цел, колку што е можно да помогаме на наставниците по историја и да се интересираме за минатото, за историјата на Битола и за тоа да зборуваме. Друштвото денес има  голем број  членови, магистри и доктри на науки, кои  дале свој придонес во науката и придонес за афирмација на Битола како град кој е заинтересиран за науката, а доказ е формирањето на Битолскиот Универзитет, рече м-р Јован Кочанковски.

На манифестацијата присуствуваше и академик Владо Камбовски, кој е  член и на МНД-Битола.

-60 години е значаен јубилеј, затоа што е ова првото научно друштво кое се појавило во тие години  токму во Битола, затоа што е раседник на знаењето, науката и уметностите. долга  е листата на врвни научници и уметници кои потекнуваат од Битола. Само од битолската гимназија излегле 18 членови во МАНУ.  По ова, се формира МАНУ, потоа и  други друштва, рече Камбовски.

Јубилејните манифестации и програмски активности на МНД-Битола се одржаа под покровителство на градоначалникот на Битола Наташа Петровска,

-Претставува привилегија да се биде градоначалник во време кога се слави голем јубилеј и традиција што ја востановиле плејада научно-стручни и културни дејци. Длабок респект кон сите членови на МНД-Битола кои во минатото и денес се вградиле со своето делување, со сета егзактност, чистота, со сета артистичка уникатност, со сета разумна творба која дава посебен белег во значењето на човека. Изминаа шест децении во кои Друштвото напиша безброј содржини, сведоштва за поминатото во овој град, но и регионот. Низа едиции ја потврдуваат животворноста на овие простори кои МНД-Битола овозможило да го видат светлото на денот и засекогаш да останат како трајно сведоштво, рече Петровска.

За долгодишна соработка, афирмација и поддршка на Друштвото, МНД-Битола им додели јавни благодарници и признанија на претседателот на  Македонија Стево Пендаровски, Општина Битола, МАНУ, Министерство за култура, други национални и локални установи, а меѓу нив и дел од битолските медиуми

 

 109857162 1617236681760027 5758793576817326938 n

 

113680545 1694799667362126 6535131061299566908 n

 

115747853 742182363246264 1553195143916747924 n

115772187 332825294401194 6587385469977990526 n

 

112362265 297420681675124 8752674600880173316 n

 

112409822 1583430971864663 2398600218625003576 n

 

114093368 775468726524122 5788590747388334560 n

 

114269568 329763208182399 8175090408943782764 n

 

115695944 640734179895409 6170102715479409541 n

 

116047777 689874168276014 7987269928095686653 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани