36 годишен битолчанец се здобил со тешки телесни повреди при судир на неговиот мотоцикл со трактор на крстосница во Преспа
Сообраќајната несреќа се случила на 21.07.2020 во 13.25 часот на регионален пат Макази-Маркова Нога, на крстосница за село Долна Бела Црква, ресенско, помеѓу трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од Ж.И.(78) од с.Курбиново, ресенско и мотоцикл „бмв 1200“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.О.(36) од Битола, информираат од СВР Битола
По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициско одделение Ресен.