
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Мирослава Бурнс
На порталот ,,Лидер” на 22 јуни во 12 часот и 15 минути, објавен е текст со наслов ,,Јавно се објавени: Ова се лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација”. Во насловот и во првиот воведен пасус од текстот односно поднасловот, се тврди дека Министерството за внатрешни работи го објавило списокот на оние лица кои одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација.
Но, ова воопшто не е точно. Од страна на МВР е објавен список на 35 лица со име презиме и адреса, кои во 2019 година направиле некаков прекршок поврзан со сообраќајот што се гледа и од следниот извадок од самиот напис:
Во јавната објава на МВР, до секое од 35 те имиња на лицата до кои се доставуваат решенија, стои дека истите се за прекршоци извршени во 2019 година, кога коронавирус воопшто немаше, како што немаше ниту решенија за изолација.
Оттука прекршен е членот 1 од Кодексот на новинарите во делот дека новинарот треба да објавува точни и проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи и дека точноста на информациите треба да се провери колку што е тоа можно. Во самиот текст е објавен повикот во кој е очигледно дека станува збор за прекршоци од 2019 година, а не за решенија за изолација од јуни 2020 година.
Понатаму, покажано е елементарно непознавање на тоа кој орган ги издава овие решенија за изолација. МВР воопшто не би можело да објави список на лица кои одбиваат да бидат во изолација, од причина што тие решенија не ги издава полицијата, туку Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Комплетно е индикативно објавувањето на оваа листа во контекст на коронавирусот, со оглед на тоа што ДСЗИ веќе информираше дека 450 решенија останале неподелени, а во листата на МВР има само 35 имиња, па оттука забуната не би можела да се случи, особено доколку се работи за некој што ја следи проблематиката.
Со објавувањето на оваа листа во контекст на коронавирусот, направена е енормна лична штета на посочените лица, кои може да се соочат со недоразбирања и непријатности. Дезинформирана е и јавноста.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар