АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во битолскиот затвор ќе биде формиран оддел каде што ќе бидат сместени книги кои затворениците ќе можат да ги позајмуваат за читање.
Ова е договорено на средбата меѓу директорот на КПУ Затвор – Битола, Драган Крајовски со директорката на битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола , Јелена Петровска.
Од својот библиотечен фонд библиотеката ќе оддели дел од дупликатите, подарени книги и книги за размена со цел да се поддржи програмата на затворот за подобрување на условите и ресоцијализација на затворениците.