АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола има четири активни кластери со ковид-19, кај кои болеста е пренесена во семејствата. Од 17 лица кај кои болеста е во тек, дури девет не спаѓаат во ниеден кластер и тие не даваат податок за поврзаност со потврден случај, соопштија од Министерството за здравство за Апла.мк.. Вкупниот број на зболени биточани од почетокот на болеста е 50, од кои 17 активни. Во Битолската болница се хоспитализирани 41 лице позитивно на коронавирус.