2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Втор ден повеќе испишани од примени пациенти во Ковид-центарот во Битола

Април 21, 2021

Рестриктивните мерки почнаа да ги даваат првите ефекти во Битола, која веќе еден месец е најголемото жариште на ковид-19. Од Битолската болница информираат дека во последните 24 часа има повеќе испишани пациенти од примени, односно на домашно лекување се пуштени 22, а хоспитлазирани се 14 нови. Со тоа вкупно во Ковид центарот на болничко лекување има 124, што за разлика од понеделникот кога беа хоспитлазирани досега рекордни 151 пациент.  И вчера имаше примени 11 нови, а испишани 25 пациенти. 

Починале двајца битолчани на 53 и 77 години.

И од општинскиот Кризен штаб информираат дека на последниот сосотанок контатирано намалување на притисокот врз Битолската болница, но исто така намалување и на бројот на пријавени за ПСР и брз тестови во Центарот за јавно здравје во Битола. Инаку во неделниот извештај на институтот за јавно здрваје за периодот од 12 до 18 април, Битола е посочена за град со највисока неделна инциденца, односно во изминатите 7 дена имало 405 новзабоени, а за две недели 916. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани