АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот кризен штаб во Битола денеска формираше 12 екипи со 12 пумпи за превентивно делување на терен доколку има ново невреме.
Координатор на активностите е КЈП „Нискоградба“ која на терен постојано ги следи активностите и согласно потребите ќе ги активира екипите.
Доколку дојде до нови врнежи и има потреби од интервенции, граѓаните може да ги пријавуваат состојбите на телефонските броеви 193 во Територијалната противпожарна единица и на 195, во Центарот за управување со кризи.
На терен делуваа екипи во текот на целата вечер, се интервенираше со пумпи во над 20 објекти, а утринава се работеше на расчистување на улиците и дезинфекција на објектите. По разгледувањето на синоќесшната состојба, беше даден извештај за санацијата на терен.