Сточниот пазар во Битола прекинува со работа на неодредено време поради болеста Син јазик

Јули 13, 2020

 

Согласно решението што го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, Сточниот пазар во Битола прекинува со работа на неодредено време поради болеста Син јазик. Според тоа, им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека привремено се затвора добиточниот пазар во Битола.Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да го почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарсво и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на болеста Син јазик во државата, информираат од ЈП „Пазари“ Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани