АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Петмина битолчани се позитивни на КОВИД-19 регистрирани во последните 24 часа, а меѓу седумте вкупно починати во државата е и 27 годишен битолчанец кој ја изгуби битката со вирусот. Во Битола денес има пет оздравени. Со ова во вкупниот број на заболени се искачи на 142, а болеста е во тек кај 73 лица од Битола.
Еве ги статистиките од Министесртвото за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во:
- Скопје 47
- Куманово 17
- Дебар 10
- Штип 16
- Прилеп 2
- Тетово 2
- Велес 5
- Битола 5
- Охрид 2
- Кавадарци 1
- Гостивар 10
- Крива Паланка 1
- Кочани 5
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 6
- Виница 2
- Кратово 1
- Кичево 3
- Ресен 1
Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од:
- Скопје 105
- Штип 9
- Прилеп 2
- Тетово 4
- Велес 1
- Битола 5
- Гостивар 1
- Кочани 4
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 2
- Берово 1
- Кичево 7
- Ресен 2
Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.