
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби шеесет годишен работник.
-Со длабоко жалење известуваме дека синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К., 60 години. Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности.
Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, информираат од РЕК Битола. Од РЕК Битола велат дека јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.