2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Горан Козаров со фејсбук порака-Битолчани ви благодарам на поддршката

Август 26, 2020

 

Горан Козаров, кандидатот за пратеник на СДСМ од Битола денеска со  порака на својот фејсбук профил им се заблогодари на битолчани за поддршката на последните парламентарни избори.  

 

Почитувани битолчани, почитувани сограѓани, мои пријатели, изминативе денови имав толку многу повици и пораки за тоа како се движат работите околу составот во парламентот.

Поради ова, чувствувам должност и сакам јавно да ве известам дека јас, како 9ти на листата за пратеници во ИЕ 5 од коалицијата „МОЖЕМЕ“– нe влегов во парламентот како дел од новата влада.
Според член 153 и 153а од Изборниот законик доколку местото припаѓа на жена, во овој случај носителот на листата Радмила Шекеринска и таа воедно се повлекува, местото и припаѓа на наредниот кандидат жена од листата. Овој процес се применува се до исполнување на 40% на застапеност на жените во парламентарниот состав.

Оваа прилика ја користам искрено и од срце да ви се заблагодарам на сите вас кои бевте со мене во изминатиот период, кои ми бевте поддршка и мотивација за да се искачам на погорни скалила.
Ако се водиме по изреката „ една врата се затвора, а други пет се отвораат“, јас ви ветувам дека тука не завршуваме. Одиме со повеќе енергија и сили и во наредните 4 години. За вас, за мојата Битола, да ја гледам како што ја замислувам, ви стојам на располагање за сите ваши проблеми, пофалби па макар и за обичен кафе муабет.

ии благодарам уште еднаш на поддршката и на разбирањето, напиша Козаров.

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани