2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Опозицијата „онеме“ за завршните сметки на битолските училишта

Август 25, 2020

 

Опозициските советници предводени од ВМРО ДПМНЕ не изустија ниту збор по ниту една од седумдесетте точки на дневниот ред на денешната седница на Советот. Опозиционерите збор не кажаа за завршните сметки на основните и средните училишта во градот и општината, ниту пак за програмите и извештаите за работа на школите. Неми беа и за уште десеттина точки од дневниот ред кои се однесуваа на  вработувања во две јавни претпријатија, потоа за правилниците за распределување на инвертер климите, како и за програмата за култура за 2020 година. 

-За прв пат после 10 години Советот гласаше  за училишта без блокирани сметки, бидејќи за неполни  три години вратени се скоро 4,3 милиони евра долг кој го имаа битолските училишта. Можеби тоа беше причината што  никој од опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ не зборуваше на денешната седница по овие точки  од дневниот ред, иако јас очекував  дека ќе гласаат ЗА, вели претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски. 

Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ сепак не ги поддржа завршните сметки на училиштата. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани