2win800x200

Битолскиот бенд ВЕЛ на 5 септември со концерт на фестивалот „Битола Отворен Град“

Септември 01, 2020

 

Битолскиот бенд Вел на 5 септември во рамките на Фестивалот „Битола Отворен Град“ настапува во Пациото на Завод и музеј Битола.

Вел ќе отсвири 8 авторски песни, на македонски јазик, нивната музика спаѓа во алтернативните правци на независната сцена, дарк вејв, со модерен и софистициран пристап. До крајот на оваа година ќе излезе и нивниот прв албум.

-Бендот во ваков состав функционира  една година. На 5 – септември заедно со Мугер Гугер и Горан Трајкоски од Скопје, ќе го одсвири својот материјал за првпат во Битола. Минатата година на скопскиот фестивал Таксират за првпат ја промовираја нивната музика како гости на промоцијата на плоча на бендот Мугер Фугер  со Горан Трајкоски, информираат од Вел.

ВЕЛ / VEIL -  

 

Златко З’лте Никодиновскигитара Бендови: Флуор, Небо, Аgainst Them All , The Government. Tribute: “Alice in Chains” “Unplugged Nirvana 94’” “Historia De Un Amore”. Албуми: Nebo – Hard to complete ; Against Them All – First Born ; The Government – Razbudi me!

Денис Алитовски, клавијатурист и придружен вокал, професор по пијано. Бендови: Jazz Scenario од Битола (2012) Мјузикли: “The opera house” работена според мјузиклот “The Phantom of the Opera”, улогата на Раул- Виконтот од Шањи, БИТ ФЕСТ, 2014."Maria de Buenos Aieres" од Астор Пјацола и Хорацио Ферер, во улогата на Пајадор, БИТ ФЕСТ 2015 година.

Сашо Ристевски Ристето, тапани. Бендови: Dismay, The Government

Томе Спасовски, басист и вокал. Бендови „Контракултура“, „The Government“, Проекти: „Томче-Благојче“, „Historia de un amor“ и „Unplugged Nirvana ‘94“, како и збирката поезија „Безнесум“. Музички соработник:„Камерна опера Битола“ и „Korunovska singing & music“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани