2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден убиен е Славко Лумбарковски

Септември 01, 2020

На денешен ден, 1 СЕПТЕМВРИ 1944, кај село Јудово, Кичевско е убиен Славко ЛУМБАРКОВСКИ, припадник на македонското  националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден е во Битола на 30 март 1922 г.  Приврзаник на напреднотокомунистичко движење и член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ.

Образованието го продолжи во Србија, односно на Правниот факултет во Белград и на Земјоделскиот факултет во Земун.

Учесник во антифашистичкото движење одпочетокот на окупацијата .Кратко време студира во бугарскиот главен град Софија.

Во 1942 г. е уапсен во Битола, физички измачуван и  одведен во интернација во градот Ксанти, Тракија. По враќањето од интернација во 1943 г. замина во единиците на НОВ и ПОМ.

Загина при нападот на Кичево како заменик на политичкиот комесар  на Првата македонска народноослободителна  бригада.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани