АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Објавата на апла.мк за дивеењето на млади моторџии во доцните ноќни часови предизвика лавина реакции од битолчани, кои потврдуваат дека одземен им е мирот, но и сонот, а вакви појави има во секој дел од Битола.
Апла.мк доби одгворо од полицијата од каде велат дека полициските службеници постојано прават контроли и само во август , издадени се 85 прекршочни платни налози за возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли...
Младите моторџии кои ги оставаат битолачни без сон, често се и малолетни лица, а кога некој од нив ќе наиде на полициска контрола веднаш меѓусебе се предупредуваат
-Ова е катастрофа, секоја вечер неподносливо е посебно во Карпош...
-На улицата 4 Ноември е страшно, после 1 на полноќ создаваат неподнослива бука со јачење на моторите. И Нова Битола е исто, малолетници се, а ова се случува од 2 до 4 часот. Прашање на време е кога ќе земат некого на душа, а полицијата никаде ја нема...
-Кај новите згради во Касаранта секоја вечер има трки со мотори и коли , акробации, гласна музика, дивеење до 4 сабајле, катастрофа...
-Кој му купил мотор на тие неразбрани и невработени по цели ноќи да шетаат, а дење да спијат, родителите се виновни...
-Два фактори носат одговорност, родителите што им ги купиле и полицијата што не ги санкционира, особено тие што возат без документи и без доволно години за управување со мопеди, мотори...
-Синоќа бве во близина на училиштето Климент Охридски. Верувајте немаше ниту една минута да не се слушаат мотори. Не можевме ни муабет да правиме. Тоа се случува секоја вечер до доцна во ноќта. Прозорец не може да се отвори. Мора де се преземе нешто..
-Ве молам спасете не, навистина е ноподносливо...
Ова се реакциите на граѓаните кои тврдат дека многупати се јавувале во полиција, но ова дивеење досега никој не го спречил
Од полицијата пак, за апал.мк велат дека полициските службеници се постојано на терен и вршат контроли на возачите на велоспиеди со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл и четирицикл, а само за август се констаирани 35 прекршувања на возачи кои управувале без потврда или дозвола, 10 биле нерегистриани, 3 со изминат рок на важност на осигурителнат полиса, 83 не користеле заштитен шлем или кацига, 5 од нив управувале со несоодветна категорија. Од СВР Битола велат дека во август издадени се 85 прешршочни палтни налози, а 6 од нив се малолетни лица и за нив е поведена соодветна постпак.