АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По објавите на Апла за ноќното диеење на млади моторџии низ битолските улици, овој пат жители од зградите во близина на ОУ "Кчимент Охридски" ни пратија снимки.
Читатели претходни во коментари под нашите текстови тврдеа дека кај училиштето "Климент Охридски" секоја вечер е неподносливо од бучавата што се создава од ноќните трки и дивеењето
-Кулминацијата е кај ОУ Климент Охридски, дивеат...Се прашувам, дали и колку се загрижени нивните родители?! Во ниедно време децата со веспи не им се дома! Ало, родители, разбудете се, приберете си ги децата!!!, пишува една битолчанка
Од полицијата вчера за апла.мк известија дека полициските службеници се постојано на терен и вршат контроли на возачите на велоспиеди со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл и четирицикл, а само за август се констаирани 35 прекршувања на возачи кои управувале без потврда или дозвола, 10 биле нерегистриани, 3 со изминат рок на важност на осигурителнат полиса, 83 не користеле заштитен шлем или кацига, 5 од нив управувале со несоодветна категорија. Од СВР Битола велат дека во август издадени се 85 прекршочни платни налози, а 6 од нив се малолетни лица и за нив е поведена соодветна постапка