2win800x200

По два класа матуранти од Битола годишно заминуваат на студии во Словенија

Септември 02, 2020

 

БИТОЛА – „Словенија ни е како дома. Студираме во Европа, а сме блиску до Македонија“, вака млади битолчани со една мисла го опишуваат студирањето во Словенија.

Врските меѓу Битола и Словенија се силни и со традиција, велат од Словенечко здружение „Триглав“ во Битола, каде младите битолчани го изучуваат словенечкиот јазик.

„Секоја година помеѓу 50 до 60 млади од Битола се запишуваат на факултет во Словенија. Има и од околните градови Прилеп, Ресен, но најмногу се битолчани. Тоа се солидни ученици претежно од Горната гимназија (така во Битола се нарекува „Јосип Броз Тито“), кои сакаат да студираат информатика, медицина, архитектура. Исто има голем интерес за природните науки. Кај мене на курс доаѓаат неколку години порано. Претходните генерации доаѓаа трета и четврта година, ама им кажувам на сите дека ако сакаат медицина, стоматологија, фармација треба најмалку три години да се изучува јазикот. Сега веќе од прва година средно доаѓаат на курс“, вели Милена Пинза, наставничка по словенечки јазик во Словенечко здружение „Триглав“, именувана од министерство за образование и култура на Словенија.

Целиот текст на линкот  https://nezavisen.mk/po-dva-klasa-maturanti-od-bitola-godishno-zaminuvaat-na-studii-vo-slovenija/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=po-dva-klasa-maturanti-od-bitola-godishno-zaminuvaat-na-studii-vo-slovenija

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани