Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 7 нови случаи на COVID-19:
- 3 во Битола (лица на возраст од 61, 64 и 70 години, едно лице дава податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство);
- 2 во Кичево (лица на возраст од 51 и 67 години; едно лице дава податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство);
- 2 во Ресен (лица на возраст од 32 години; даваат податок за контакт со исто позитивно лице од Скопје);
Во Д. Хисар денес нема новозаболени лица.
Денес се регистрирани и 4 оздравени лица од Битола.