2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Големиот наплив на апликации за инвертери создаде технички проблеми, се работи на негово решавање, информираат од Општина Битола

Септември 18, 2020

Утрово во  8.00 часот  започна аплицирањето на граѓаните  од Општина Битола на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата  за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди. Но. после неполн  час се создаде технички проблем, а од Општина Битола велат дека се работи на негово отстранување

-При аплицирањето евидентен е голем интерес, при што дел од граѓаните поднесоа успешни апликации. Дел од граѓаните заради непотполно следење на инструкциите дадени во упатството за аплицирање, сепак ги мултиплицирале барањата, со секое ново, поништувајќи го претходното. На овој начин се создаде и слика дека дел од корисниците неправилно го користат системот. Притоа, поради ваквиот голем наплив се создаде технички проблем, на чие решавање работи софтверската компанија. Сите успешно поднесени барања се внесени во базата на податоци. Сите граѓани кои аплицирале, ги замолуваме статусот на својата пријава да го проверат на својата мејл адреса, информираат од Општина Битола

Времетраењето на прекинот за поднесување на барања, ќе биде соодветно надополнет со продолжување на рокот. Во најбрз можен временски рок веб страната btsubvencii.mk повторно ќе биде активна за поднесување на нови барања.Се молат граѓаните при аплицирањето да ги следат претходно дадените инструкции во упатството за аплицирање., велат од локланата самоуправа

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани