АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денот на народното востание, 11 Октомври, е државен празник, а понеделник 12 октомври е неработен ден за сите граѓани на државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
По синоќешната седница од Владата најавија дека овој празничен и продолжен викенд ќе се реализира мерката "Викенд без ДДВ". Целта е поттикнување на прометот на домашни производи и услуги, а враќањето на целиот износ на ДДВ-то ќе се однесува за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30 000 денари по лице за сите фискални сметки издадени на 10,11 и 12 октомври 2020 година, информираат од Владата