2win800x200

Ќе се забранат живи свирки во кафулиња, ќе се намали гласната музика, а на една маса ќе можат да седат само четворица

Октомври 04, 2020
 Најголем пораст на заболените од КОВИД19 се на возраст ид 20 до 40 години, односно тие се 50 проценти од вкупниот број на позитивни. Тоа е повод за воведување на нови рестриктивни мерки во угостителските објекти, затоа што во дел од нив здравсвените протоколи воопшто не се почитиваат. Комисијата за заразни болести утврди неколку препораки кои ќе ги предложи на вечерашната Седница на Владата
 
Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Канал5, Комисијата предлага да се забрани гостување на пејачи и ДЏ-еи во сите угостителски објекти, потсетува дека дискотеките и ноќните клубови немаат дозвола за работа и апелираше да се почитува работното време до полноќ во работни денови и 01 за време на викенд. Потоа, Комисијата предлага гласноста на музиката да не е повеќе од 55 децибели, за да се избегне концентрацијата на луѓе и да се одржува дистанцата без гостите да се доближуваат за да се слушаат меѓу себе. Исто така препорачуваат на една маса да можат да седат 4 наместо сега дозволените 12 луѓе.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани