Денес на регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола потврдени се 7 нови случаи на COVID-19:
- 3 лица во Битола (на возраст од 22 до 68 години), од кои сите три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт).
-2 лица во Кичево (на возраст од 16 и 35 години) од кои едно лице дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт) и едно лице кое не дава податок за контакт со позитивно лице.
-2 лица во Ресен (на возраст од 59 и 62 години) од исто семејство кои не даваат податок за контакт со позитивно лице.
Во Демир Хисар денес не се регистрирани нови позитивни случаи на COVID-19.
Денес согласно алгоритамот не се регистрирани оздравени лица.
Денес е регистрирано и едно починато лице од Кичево (починало на КИБФС Скопје) на возраст од 67 години.