АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Деноноќно, со жив штит, жителите на ресенското село Јанковец ќе ја бранат шумата околу мансатирот „Успение на пресвета Богородица“, доколку Преспаснко пелагониската епрахија ја оставри својата намера за сеча на 70 хектари стара дабова шума. Велат дека тоа ќе предизвика еколошка катастрофа, климатски промени, ерозија на земјиштето, а џаради конфигурацијата на теренот, при секој пороен дожд ќе се полавуваат куќите кои се оддалечани педесетина метри од манасирот. Ја повикаа Преспанско пелагониската епархија да се откаже од оваа намера и да го избегне гневот на мешатаните.
-Преспанско пелагониската епрахија имаше неколку обиди да се исече шумата, по секоја цена сакаат да ја остварат оваа намера. Но, населението нема да дозволи такво нешто, да се исече шумата и даги соберат пари. Ова е предупредување, шумата ќе ја заштитиме. Народот е спремен по секоја цена да се запри сечата и да се заштити шумата. Спремни сме да го блокираме патот до манастирот и да не дозволиме камионите да минуваат, изјави Митко Нечовски, претседател на МЗ во село Јанковец
Поддршка имаат од советниците и од власта и од опозицијата во општинскиот совет во Ресен, од каде велат дека ќе водат институционална битка да се спречи уништувањето на шумата.
-Овој проблем трае 10 години, затоа што во неколку наврати имаше обиди за сечење на шумата. Можете да замислите што ќе се случи да се исече 70 хектари шума во време кога сите се бориме против загадувањето, за чист воздух, за заштита на животната средина. Тоа за Јанковец ќе биде катастрофа, сите води од врнежите, ќе се слеваат директно во селото. Исто така би се појвиле и огромни свлечишта што ќе предизвика невидени последици. Апелирам да се запре оваа иницијатива, со цел да се спречи една еколошка катастрофа, рече Наумче Бузлевски, советник од СДСМ и жител на Јанковец.
-Сите сме поврзани со манастирот и шумата во Јанковец, ова е уништување на природното богатсво, а со оваа ситуација не е засегнат само Јанковец, туку цела Преспа. Ние сме подготвени да им помогнеме на жителите во сите понатамошни чекори и постапки што ќе ги преземат за да се спречи сечата на манасторската шума, рече Јован Тозиевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Обид да се исече дабовата шума имаше и минатата година, но тогаш жителите го спречија соголувањето на планината.