АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
При редовна контрола на Шумската полиција од Крушево, вчера околу 18 часот, на Селечки рид, затекнато е лицето И. А. од с. Норово како пали оган на отворен простор блиску до шума.
Кога лицето ја забележало патролата на шумската полиција почнало вербално да ги навредува, а во еден момент и физички да се пресметува со шумските полицајци.
Од страна на полициски скужбеници од Крушево е приведен и против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Настанот го потврдуваат и од СВР Битола
-На 03.09.2021 во 18,30 часот во Полициската станица Крушево бил приведен А.И. од с.Норово поради тоа што агресивно се однесувал кон полицаец од шумската полиција Крушево кој извршувал службени дејства. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, се наведува во соопштението од СВР Битола