2win800x200

Угостител од Битола заработи кривична пријава за неспроведување на здравствените протоколи и пропишаното работно реме

Октомври 10, 2020

 

Во еден угостителски објект во Битола утврдени се неправилности во спроведувањето на  здравствени протоколи и пропишаното работно време. Во Битола ДПИ спровел два надзора, 15 контроли, и изрекол една кривична пријава, и затекнат еден нерегистриран објект.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера извршил вкупно 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти во повеќе градови во државата. Се проверувало како овие објекти ги спроведуваат здравствени протоколи и пропишаното работно време.

Утврдени се неправилности во четири угостителски објекти, коишто ги прекршиле протоколите. Три од нив се  во Скопје, а еден во Битола. За тоа инспекторатот ќе поднесе кривични пријави. Исто така, затекнати се два нерегистрирани објекти во Битола и Дебар, и еден објект во Скопје кој не го почитувал пропишаното работно време за што ќе се спроведе прекршочна постапка. Воедно изречени се две мерки за прекршок според Законот за угостителство на два угостителски објекти во Дебар и Скопје.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани