2win800x200

И бебе од два месеци позитивно на вирусот, потврди Центарот за јавно здравје

Октомври 11, 2020
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола се потврдени 18 нови случаи на COVID-19:
-12 во Битола (лица на возраст од 2 месеци до 79 години, пет лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице);
-4 во Кичево (лица на возраст од 29 до 55 години; две лица даваат податок за контакт со позитивно лице);
-2 во Ресен (лица на возраст од 24 и 34 години; едно лице дава податок за контакт со позитивно лице);
Во Д. Хисар денес нема новозаболени лица.
Денес се регистрирани 4 оздравени лица (2 од Битола и 2 од Кичево) и две починати лица од Битола на возраст од 60 и 79 години (лицата починаа во Клиничка болница - Битола, Одделение за инфективни болести).
ЗУ Центар за јавно здравје- Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани