Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 42 нови случаи на COVID-19:
-14 во Битола (лица на возраст од 30 до 84 години), од кои две лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), две лица се од познат кластер, а останатите десет лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
-18 во Кичево (лица на возраст од 19 до 80 години) од кои единаесет лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), три лица од познат кластер, а останатите четири лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
-8 во Ресен (лица на возраст од 5 до 78 години), од кои четири лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), едно лице од познат кластер, а останатите три лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
-2 во Демир Хисар (лица на возраст од 22 до 28 години); кои не дава податок за контакт со позитивно лице
Денес се регистрирани 16 оздравени лица (14 од Битола и 2 од Кичево).