АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на претседателот на СДММ Битола, Петар Николовски
Не може младите секогаш да се вадат на незнаење. Ниту да ги копираат лошите навики на повозрасните, да лажат и манипулираат, скриени зад тастатурите и мониторите.
СДСМ нема од што да се крие. Јасно и гласно порачуваме дека со ребалансот на буџетот на Република Северна Македонија образованието и младите ќе имаат повеќе пари. Какви кратења, какви бакрачи.
Со ребалансот се зголемуваат блок дотациите за основните и средните училишта за 80 милиони денари. Со тоа, локалните самоуправи и училиштата ќе може да набават повеќе компјутери, интернет и се што им е потребно за онлајн настава. За жал, компјутерите што ги обезбеди ВМРО – ДПМНЕ своеврено, со проектот Компјутер за секое дете, завршија како и сите други нивни проекти во образованието – неуспешно.
Со измените во Законот за ученички и студентски стандард, секој ученик или студент што не успеал да влезе во ученички или студентски дом добива по 6000 денари за да си ја покрие киријата за приватно сместување. Со ребалансот има пари и за тоа.
Стипендиите за периодот септември – декември од тековната година што досега се исплаќале во јануари следната година, за прв пат годинава треба да се исплатат до крајот на годината, со што ќе започне редовна месечна динамика на исплата на стипендиите, наместо два пати годишно како досега.
Со ребалансот на буџетот, не само во образованието, туку и во другите области, единствено се кратат омилените трошоци на ВМРО – ДПМНЕ, оние за службени патувања.
Учебната година не само што почна, туку и се одвива успешно. И повеќе од очекувањата, со оглед на околностите во кои се наоѓа не само земјава, туку целиот свет. Но, како би знаеле вие нешто за тоа. Тоа не се гледа низ затемнетите прозорци на автомобилите со кои протестирате сред пандемија.