АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Холандската „Фондација воздух за Преспа“ донира лекови за Специјалната болница во Отешево, каде се лекуваат паценти од респираторни и алергиски заболувања.
-Пристигна донација од околу 10.000 евра која се состои од антибиотици, секретолитици, бронходилататори, спрејинхалатори, кортикопрепарати и други лекови кои се користат во лекувањето за нашите пулмолошко болни во „Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево“. Донацијата е од Холандија-„Фондација-Воздух за Преспа“ и нашите донатори Кес и Јохана Барс. Денес ја примивме 29 донација од Холандија, нашите долгогодишни пријатели Кес и Јохана Барс и нивната фондација како и секоја година така и оваа донираа лекови за потребите на болницата. За нашата институција оваа донација е добредојдена во овие тешки услови на пандемија посебно за нашите пациенти. Иако оваа година не можеа лично да ни ја донесат направија напори да пристигне во право време. Огромна благодарност во името на сите вработени и пациентите од нашата болница за нивниот огромен труд и нивната хуманост. Среќни сме што имаме вакви пријатели кои секоја година мислат на нас и не не забораваат.Се надеваме дека наредната година ќе бидат тука и заедно ќе го прославиме нивниот 30 годишен јубилеј од донацијата Воздух за Преспа, вели Билјана Гошаревска портпарол на „Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања- Отешево“.