2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Градинката „Естреја Овадија Мара“ и директорката Лидија Тфирст Митревска добитници на 4то ноемвриската награда за едногодишно остварување

Ноември 02, 2020

 

Градинката „Естреја Овадија Мара“ и директорката на оваа установа Лидија Тфирст Митревска се носители на наградата „4 Ноември“ за едногодишно остварување. Митревска ова општинско признание го добива во годината кога се одбележува и 60 годишен јубилеј на оваа градинка. Во изминатиот период, огормен е нејзиниот придонес за подобрување на условите во сите клонови на оваа установа, нешто што во дел од објектите не беше направено со децении. Градинката која во 1960 година започнала со 13 бебиња, 9 вработени и 1 објект, денеска брои 911 деца, 113 вработени и 9 објекти. Покрај унапредување на воспитно -образовниот процес во градинките и реализација на бројни проекти, направен е голем исчекор во подобрување на условите и инфрастурктурни вложувања, со што голем број од објектите во оваа установа за згрижување деца, имаат целосно  променет изглед.

-Чест и задоволство е, истовремено и гордост да се биде дел од тимот кој реди успеси, тимот кој наследил успеси и тимот на кој визија им е само успех. Достојни генерации на вистински просветители од кои сите ние сме учеле како да се биде човек, учител, просветител, секогаш да се биде добар и подобар, да се пренесе своето, но и да се издигне детското знаење, да се биде темел, белег, незаборав. Генерации кои несебично го предавале своето, а го вреднувале туѓото знаење, пишува Лидија Тфирст Митревска во монографијата посветена на 60 годишнината од формирањето на градинката „Естреја Овадија Мара“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани